Sheezotex: Production Coordinator
Шизотекс е производствениот мотор зад брендот Шизик на Ризик - бутик шивара во која се развиваат и реализираат трикотажни и други текстилни производи.
Работиме динамично и со повеќе паралелни налози, за што ни е потребен организатор што ќе обезбеди ред, координација и навремена реализација.
Твојата одговорност:
- Набавка на материјали и додатоци
- Организација и распоред на кроење и шиење
- Организација и логистика на надворешни доработки
- Реализација на налози и следење на рокови
- Контрола на количини и квалитет
- Физичка организација на материјали, готови и полуготови производи
- Пакување и достава до продавници
- Одржување на документација и информации за производството
Што очекуваме:
- Искуство во организација на производствени процеси
- Одговорност, прецизност и систематичност
- Способност за работа со рокови и приоритети
- Комуникација со тим и со коминтенти
- Основно познавање на материјали, текстил и процес на шиење е предност
- Систематичност и проактивен пристап
Што нудиме:
- Клучна улога во срцето на производството
- Можност за поставување систем и стандарди
- Стабилна плата + перформанс бонус
- Долгорочна соработка со растечки домашен бренд
Како да аплицираш:
- Испрати CV + краток опис на твоето искуство во организација на производствен процес или слично
- Опиши го најсложениот процес што си го организирал/а и начин на кој го имаш завршено успешно
- Апликации на: info@sheezicknareezick.com
There are no products to list in this category.