Join our team
SHEEZICK NA REEZICK е македонски бренд основан во 2018 година, посветен на создавање премиум модни производи и дизајнерски сувенири кои го одразуваат живиот и уникатен дух на сопственото потекло. Инспириран од скопскиот сленг од 80-тите за „локален уличен херој“, брендот ја слави индивидуалноста, поврзаноста со корените и преземањето ризици преку смела креативност.
Брендот располага со сопствено текстилно производство и два продажни канали – во Скопје и во Охрид. Поради континуираниот раст и развој, има постојана потреба од проширување на тимот во сите сегменти на своето делување.
За нашата продавница во Скопје, бараме кадар за следната позиција:
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА / СКОПЈЕ
(полно работно време)
ОПШТИ ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Професионална услуга и грижа на купувачите
- Промоција на уникатниот идентитет на брендот
- Презентација и продажба на производите
- Работа на каса
- Одржување и на уреден и привлечен продажен простор
- Работа со оперативни индикатори
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено средно образование;
- Работно искуство во малопродажба на премиум производи (облека, сувенири, дизајнерски производи и сл) се смета за предност
- Одлични комуникациски способности на македонски и на англиски
- Интерес за дизајн и силна поврзаност со вредностите на брендот SHEEZICK NA REEZICK
- Флексибилност и посветеност
- Способност за тимска работа и комуникативност
- Ориентираност кон продажба и услуги за купувачите
КОМПАНИЈАТА ВИ ОВОЗМОЖУВА:
- Почетна плата од 42.000 денари, со можност за раст согласно перформансите
- Стимулативни месечни бонуси врз основа на индивидуални остварени продажни цели
- Можност за работа за уникатен, креативен и растечки локален бренд
- Пријатна тимска средина и можност за професионален развој
- Сеопфатна воведна и внатрешна обука
- Програма за лојалност, менторство и професионален развој
- Флексибилно работно време
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ
Испратете го Вашето CV, фотографија и писмо на интерес на: info@sheezicknareezick.com
За нашата продавница во ОХРИД, бараме кадар за следната позиција:
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА / ОХРИД
(сезонски/годишен договор со полно работно време)
ОПШТИ ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Професионална услуга и грижа на купувачите
- Промоција на уникатниот идентитет на брендот
- Презентација и продажба на производите
- Работа на каса
- Одржување и на уреден и привлечен продажен простор
- Работа со оперативни индикатори
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Завршено средно образование;
- Одлични комуникациски способности на англиски и на македонски
- Работно искуство во малопродажба на премиум производи (текстил/сувенир/дизајн и сл) се смета за предност
- Интерес за дизајн и силна поврзаност со вредностите на брендот SHEEZICK NA REEZICK
- Флексибилност и посветеност
- Способност за тимска работа и комуникативност
- Ориентираност кон продажба и услуги за купувачите
- Сопствено сместување во Охрид се смета за предност
КОМПАНИЈАТА ВИ ОВОЗМОЖУВА:
- Почетна плата од 42.000 денари, со можност за раст согласно перформансите
- Стимулативни месечни бонуси врз основа на индивидуални остварени продажни цели
- Бесплатно сместување во Охрид
- Сеопфатна воведна и внатрешна обука
- Можност за работа за уникатен, креативен и растечки локален бренд
- Пријатна тимска средина и можност за професионален развој
- Флексибилно работно време
КАКО ДА АПЛИЦИРАТЕ
Испратете го Вашето CV, фотографија и писмо на интерес на: info@sheezicknareezick.com
There are no products to list in this category.