МЕНАЏЕР НА МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ ВО ОХРИД

МЕНАЏЕР НА МАЛОПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ

Локација: ОХРИД

 

Главни обврски и одговорности:

- Управување со продажните процеси во продажниот објект

- Организирање и супервизија на активностите во продажниот објект: прием и изложување на производите, уредување на излог, одржување на хигиена и останати потреби за функционалност на продажниот објект

- Изготвување и одржување на документацијата поврзана со работењето на продажниот објект, а во согласност со законските регулативи

- Водење евиденција за залихата и редовно надополнување во координација со главниот магацин и другите продажни објекти

 

Останати задолжувања:

- Следење и анализа на посетеноста, дневниот промет, продажните трендови и предвидување идни продажби

- Изготвување извештаи на неделно, месечно, квартално и годишно ниво за работењето на продажниот објект

- Сменска организација на членовите на тимот

- Евиденција за присуство/отсуство и работни часови со цел подготовка на плата за вработените во продажниoт објект

- Делегирање и распоред на работни обврски на членовите на тимот

- Организирање обука за нововработените

- Мотивирање за повисока работна ефикасност

- Управување со проблеми и конфликти.

 

Образование, работно искуство и вештини:

- ССС/ВСС

- Искуство во управување со тимови и комерцијално работење (минимум 2 години)

- Напредно работење на компјутер

- Познавање на MS Office (Excel, Power Point, Word), е-commerce и продажни платформи

- Одлично познавање на англиски јазик

- Подготвеност за флексибилно работно време вклучувајќи викенди и празници

- Изразени продажни вештини и ориентираност кон резултати

- Силни комуникациски, презентациски и менторски вештини

 

Нудиме:

- Динамична работна средина со одлични можности за кариерен раст и развој, континуирано унапредување на перформансите и стекнување нови вештини.

- Конкурентна плата и дополнителни бонуси во зависност од месечната реализација

- Поволности при пазарење во продавниците на Шизик на ризик

- Можност за сместување за кандидати вон Охрид

- Предност имаат кандидати кои имаат сместување во Охрид

 

Ако се препознавате во бараниот профил и сакате да бидете дел од нашиот тим пратете ја својата кратка биографија и мотивационо писмо на: info@sheezicknareezick.com (како предмет да се наведе позицијата за која се аплицира)

Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани.

 

 

 

 

 

 

 

There are no products to list in this category.

 
 
SHEEZICK NA REEZICK © 2024. UKION SHOPS